Мојата биографија започнува на 12.02.1975 во Скопје.
Пораснав во семејство
во кое секогаш се градел култ кон македонскиот
изворен фолклор. Мојот татко е поранешен
член на АКУД "Мирче Ацев" додека
Мајка ми е жена со извонредни гласовни
способности.
Уште како мала постојано
ги следев настапите на АКУД Мирче Ацев
за да во 1988 год. и Јас станав член во
играорната секција. Паралелно членував
и во пејачката група под раководство на Пеце
Атанасовски кој што ни овозможи место
за настап во Долнени, Прилепско каде што
се закитивме со првото место.
Со АКУД "Мирче
Ацев" го прошетав речиси целиот свет.
При едно гостување во Белгија во 1995 се
случи и првиот настап како интерпретатор.
Набрзо по враќањето
од Белгија со голема помош од моето семејството,
а посебно на маестро Милан Завков како
главен иницијатор ја снимив првата песна "Не
сакам да те преболам", муз. и арр.
Милан Завков и т. Томислав Которчевиќ.
Од тогаш почнаа да се редат настапи по
реномирани ресторани во Македонија.
Фестивалското деби го
имав на "Охридски трубадури" 1996
со песната "Блаже, Благоја" муз.
и арр. Милан Завков и т. Томислав Которчевиќ.
Во 1997 год. го издадов првиот албум за
издавачката куќа Сенатор рекордс од кој
како хит се издвои песната "А
бре чичо".
За веќе во 1998 да
ја имам и првата прекуокеанска
турнеја во Австралија кое е воедно и мое прво поголемо
гостување надвор од државата. Истовремено
настапував на сите реномирани македонски
фолк фестивали: "Цветници", "Валандово", "Тумба
фест", "Тетовски фолк фест", "Струмичка
пролет", "Роса", „Филиграни“
... и секогаш имав соработка со врвни
и докажани автори.
Во 1999 год. го издадов
вториот албум "Аце,
Аце" за Сенатор
рекордс. Оваа песна стана моја лична карта,
песна по која мене ме препознаваат до ден
денес и песна која што ме однесе на многу
гостувања во Америка, Канада, Швајцарија,
Шведска, Италија, Франција, Германија итн.
Во 2000 год. го издадов и првиот професионален
видео спот од областа на новосоздадената
музика за песната "Знаат очите" муз.
и арр. Драги Станков, т. Борче Нечовски,
во соработка со „EXIT-B„
продукција и го поседував првиот веб
сајт во истата област.
Во 2003 год. го издадов третиот албум "Се
ќе превртам" повторно за Сенатор рекордс
каде што како хит се издвојува песната
со најголема порака "НИШТО
БЕЗ НАРОДНО".
Од 2003 до 2005 се
посветив на приватниот живот и оформувањето
на моето семејство. На 03.05.2003 стапивме
во брак со мојот
сопруг и колега Новица вокален солист
во најдобриот македонски вокално-инструментален
и шоу бенд "Биоритам". Свадбената
веселба се одржа во х. Александар Палас.
на нашата веселба присуствува многу наши
колеги: Миле, Благица, Горан, Росана, Зуица,
Војо и многуууу други.
На 29.03.2004 се роди
круната на нашата
љубов наречена Петар.
2005 година за мене и мојата музичка кариера
беше многу значајна бидејќи прославув
10 години од мојата досегашна кариера.
По тој повод на 15.11.2005 год. одржав
голем солистички концерт во Домот на
културата "Благој Јанков – Мучето" во
Струмица и секогаш луѓето се прашуваат
зошто во Струмица, затоа што ...
Специјални гости беа
моите драги колеги: Миле Кузмановски, Горан
Тодоровски, Благица Калева, Елена Велевска,
Сузана Гавазова и групата Биоритам. Концертот
беше комплетно во живо, а како придружни
оркестри беа групите Болеро и Алегро од
Струмица. И сакам јавно да им се заблогадарам
на сите учесници на мојот солистички концерт.
Најголема атракција беше огнометот и појавувањето
на мојот татко како тапанџија на една песна.
По концертот издадов
ДВД со снимка од истиот.
Во мојата бурна музичка кариера направив
и неколку излети во областа на водителството.
Два пати бев водителка на новогодишните
програми на телевизија Интел Струмица
заедно со Зоран Ѓорѓиев и 2005 се појавив
како водителка на фолк-фест Роса заедно
со Александар Блажевски. Убави
излети но сепак останувам тоа што сум
пејачка.
За оваа година интересно е и тоа што бев
за прв пат во Англија
- Лондон по повод
велигденските празници. Снимив дует
со Елена Велевска со песната "Двете
не мами" за која што направивме
видео запис со арт хаус продукција. Настапив
на фолк-фест "Валандово 2006" со
песната "Осмиот ден" муз. и
арр. Дејан Момировски и т. Љупчо Василев
и за неа снимив видео спот со истата
продукција.
Да се вратиме малку на
мојот приватен живот односно на моето образование.
Завршив задолжително основно училиште „Невена
Ѓорѓиева Дуња“ - Скопје, потоа средно училиште
во гимназијата
Зеф Љуш Марку, Скопје -
каде бев првенец на генерација. И на крај
високо образование - Педагошки Факултет
каде стекнав назив дипл. професор за предучилишно
воспитание. Во моментов сум постдипломец
на магистерски студии од истата област.
Ова да не заборавам да
ви го кажам знам дека ќе ги интересира
припадничките на понежниот пол, секогаш
за мојата фризура за сите јавни настапи
е задолжена фризерски салон "Контеса",
а за шминката Нела. Додека креациите што
ги носам се дело на модната креаторка Елена
Љутикова од Скопје и бутикот "Наф
Наф" - ГТЦ Скопје.
|